Свет

Документарниот филм „Медена земја“ номинар за Оскар во две категории

Mакедонскиот документарец „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов влезе во изборот за номинација за „оскар“ во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм

Приказната за последната одгледувачка на диви пчели , Атиџе, од селото Бекирлија, ја однесе Македонија во центарот на филмските остварувања .

По долго и неизвесно очекување, големиот број на награди и признанија, македонскиот документарен филм „Медена земја“, кој минатата година беше апсолутен светски филмски хит, го достигна врвот, освојувајќи две номинации за Оскар , за најдобар документарен филм, и најдобар странски филм, и се запиша со златни букви во историјата на македонската кинематографија.

Американската филмска академија денес ги соопшти номинациите за 92те оскари , кои како никогаш досега не се следеле во македонската историја.

Вниманието на целата јавност беше насочено кон објавувањето на номинираните филмови , и влезот на Медена земја во финалниот круг.

Актерите Џон Џо и Ајса Рае ги соопштија имињата на номинираните филмови , во 24 категориии , кои на 9ти Февруари ќе ја истрчаат последната трка и ќе се борат за златната статуетка.

Досега, најблиску до наградата Оскар, беше филмот на Милчо Манчевски „Пред дождот“ во 1995 година . А за најпрестижната филмска награда, во рамки на Југославија беше номиниран и документарецот „Дае“ на Столе Попов пред точно 40 години.

Церемонијата на доделување на наградите Оскар и оваа година се случува во Долби Театарот во Лос Анџелес, на 9 февруари , со директен пренос во 225 земји ширум светот.

За радосната вест тимот на „Медена земја“ се огласи на фејзбук со следнава изјава:
„Пред сѐ, би сакале да се заблагодариме на членовите на Американската Академија (AMPAS) за тоа што го вклучи „Медена Земја“ во трката за најпрестижната филмска награда на светот.
Преку жената која случајно ја сретнавме, пред светот се отвори приказна - алегорија на една глобална слика каде хуманото и натуралното се борат да преживеат.

Атиџе и пчелите се прототип за новиот генетски материјал, кој треба да победи во битката на титаните, каде природата се бори со деструктивното.
Среќни сме дека светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ја открија големината на човекот, преку големината на единката. Се разнишаа убедувањата дека радоста се крие во поседувањето.

Ова е прв пат во историјата на Оскарите документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку истово потврдува дека документариот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а заради својата реалност заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава после гледањето на филмот.
Големо е достигнувањето на филмот. Големи се фестивалите, кои го слават и величаат. Но уште поголема треба да биде промената на која се надеваме. Таа промена тргнува од секој од нас поединечно.



Филмот повикува на скромност, а кога ја гледаме љубовта во очите на гледачите, силно веруваме дека пораката е препознаена и дека скромноста е новото време низ кое со радост ќе зачекориме.

Уште еднаш, бескрајна благодарност до членовите на Акедемијата што филмот го нарекоа - МАТЕРИЈАЛ ЗАСЛУЖЕН ЗА ОСКАР.

А.Г.

© 2019 Cyber Green Market LLC