VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Дводневен семинар во хотел Изгрев

ЕЗП, во соработка со Т.а Time To Travel, организира дводневен семинар во хотел Изгрев, Калишта, на брегот на Охридско Езеро.
На семинарот ќе се врши промоција и запознавање со нашиот нов проект Е-Маркети (https://emarketi.mk), и обука на идните наши партнери за користење на алатките на платформата.
*Учесниците коишто после завршувањето на семинарот ќе се одлучат да станат наши партнери со своја online продавница на нашата платформа, ќе бидат ослободени од плаќање на провизија (од најмалку 1000,00 денари месечно) во наредните 6 месеци.
**Поради специфичните услови со Ковид-19, учесниците ќе бидат сместени во еднокреветни соби и бројот на учесници е ограничен на 20.
***Резервациите за учество траат до 05.08.2020.


Во претпоследниот викенд од август, од 21.08 (петок) до 23.08 (недела), ЕЗП, во соработка со Т.а Time To Travel, организира дводневен семинар во хотел Изгрев (Струга), две ноќевања со вклучен доручек и вечера.

Целта на организаторите на семинарот е, во релаксирана атмосфера (во аранжманот на семинарот влегува и слободно користење на SPA центарот на Хотелот), да извршат промоција на новата платформа Е-Маркети (https://emarketi.mk) и обука за користење на нејзините алатки.

Е-Маркети е прв систем на online маркети од територијата на Македонија. Секое правно лице (маркет, магацин, доставувач) може, со помош на алатките на платформата, да изгради свој online маркет од каде што ќе може да добива однапред платени нарачки. Маркетите си имаат сопствен виртуелен пост преку којшто средтсвата од нарачките легнуваат директно на сметката на правното лице сопственик на маркетот.
Партнерите на Е-Маркети добиваат сопствена продавница со адреса: ime_na_prodavnicata.emarketi.mk, со свое лого, и можност да поставуваат неограничен број на производи со слики, краток и долг опис, цени и сите видови на акции (попусти, поени- и, ќешбек). Секоја продавница си има свој контролен панел, каде што сопственикот има целосен увид во нарачките и финансиското работење на својата продавница.


Во текот на вториот ден од семинарот, на 22.08 (сабота), во две сесии ќе бидат одржани следниве обуки:

1. Општо запознавање со платформата и нејзините можности.
2. Како се поставуваат и ажурираат производи?
3. Како се следат нарачките и финансиите?
4. Што е виртуелен пост терминал и зошто е потребен?
5. Како до виртуелен пост терминал и кои се условите и провизиите на банките во Македонија?

Семинарот завршува на 23.08 (недела) после доручекот, со свечено обраќање на организаторите.


Со оглед на специфичните услови во врска со Ковид-19, бројот на учесници е ограничен на 20, учесниците ќе бидат сместени во еднокреветни соби, а организаторите ќе се погрижат семинарот да се одржи со почитување на сите предвидени мерки во врска со вакви настани.

Со оглед на тоа што одржувањето на семинарот треба да се закаже 2 седмици претходно, пријавувањето за учество на семинарот трае најдоцна до 05.08.2020 (00:00).

Котизацијата за учество на семинарот изнесува 10 000, 00 денари.
*Учесниците коишто после завршувањето на семинарот ќе се одлучат да станат наши партнери со своја online продавница на нашата платформа, ќе бидат ослободени од плаќање на провизија (од најмалку 1000,00 денари месечно) во наредните 6 месеци.

Информации и резервации во:

Т.а Time To Travel
ул. Орце Николов 101 лок 5

Лице за контакт:
Ана Стојановска
+38970354234

http://www.timetotravel.com.mk/
http://timeformacedonia.com/


Admin

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!