VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Да не се купува неодобрена храна за спортисти преку социјалните мрежи

Апел до граѓаните да внимаваат при online набавката на овој тип храна

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ ) ги интензивира активностите за заштита на правата на потрошувачите при електронска, односно таканаречена on line продажба на прехранбени производи, како и на производите од групата додатоци во исхраната, храна за диети, чаеви и слични производи наменети за специфични категории потрошувачи, како што се малите деца и спортистите.

Во овој период, исклучително популарна е продажбата на храна наменета за спортисти, која покрај регистрираните увозници и трговци, според анализите на Одделението за спречување на измами со храна при АХВ, нелегално се продава и преку социјалните мрежи.

Како одговорна институција за безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите, апелираме до граѓаните да внимаваат при online набавката на овој тип храна, бидејќи покрај во легалната продажна мрежа и преку Е - продавниците, преку социјалните мрежи нелегално се продава и храна за спортисти која не е одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство и не е безбедна.

Ваквите производи покрај тоа што претставуваат нелојална конкуренција на легалните домашни производители, увозници и трговци, сериозно може да го загрозат здравјето на граѓаните. Апелираме до потрошувачите да се воздржат од набавка на овој тип храна преку социјалните мрежи, каде таа најчесто нелегално се нуди и продава.

На интернет страната на Агенцијата за храна и ветеринарство www.fva.gov.mk, во Регистарот на производи кои ги исполнуваат посебните барања за безбедност како додатоци на исхрана https://drive.google.com/file/d/1GtHx2EtVRdf6aFLfLIki84jRvMVs3TPu/view и Регистар на производи кои ги исполнуваат посебните барања за безбедност како храна за посебна нутритивна употреба https://drive.google.com/file/d/1sNwPwsTpyyIExrsIa-CZrtpyku3DWjZ_/view, потрошувачите може да проверат дали одреден производ од оваа категорија кој планираат електронски да го набават, е одобрен од АХВ, а со тоа е и безбеден за употреба.



Апелираме до граѓаните до Агенцијата за храна и ветеринарство да ја пријават секоја нелегална продажба и на оваа категорија производи, лично во АХВ, на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen