Нутриционист

Грашок

Грашок - растителен протеин !

Pisium Sativum е едногодишно зеленчуково растение од групата мешунки, од која за исхрана се користи зеленото семе – зрна. Енергетската вредност е релативно повискоа споредена со другите зеленчуци, а таа произлегува од повисоката вредност на протеини и шеќери (скроб) кој се содржат во него. На 100 гр грашок се ослободува 81 kcal. Содржи Витамин А, Витамин К и други витамини, а од минералите Железо, Калциум, Калиум, Фосфор итн. Содржи и растителни влакна кои се важен елемент при обработка и дигестија на хранливите продукти во дигестивниот систем.


Нутриентите кои се составен дел на грашокот имаат протективно дејство врз човековото здравје и влејаат на негово подобрување. Антиоксидативниот ефект му се должи на катехините, епикатехините, α и β каротенот и фенолните киселини кои го елеминираат штетното дејство на слободните радикали. Во гаршокот се содржи и омега 3 - есенцијална масна киселина која е важна во превенција на кардиоваскуларни заболувања.

Грашакот има низок гликемичен индекс, бавно го подига нивото на шеќерот во крвта, а преку растителните влакна кои ги содржи ја намалува апсорпцијата на шеќерите и холестеролот од дигестивниот систем во крвта. Тоа го прави корисен за дијабетичарите, а од друга страна холинот – витамин од групата Б е протектор на КВC. Куместролот кој го содржи грашакот во огромна мера го намалува ризикот од рак на желудник.

Илија Бузлевски

© 2019 Cyber Green Market LLC