
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Грантови од 10 000 евра за започнување на мали семејни агробизниси
На денешната прес конференција во Владата, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски го појасни третиот столб на мерки за поддршка на земјоделството.

Една од позначајните мерки на Владата е можноста за добивање на неповратни 10 000 евра за започнување на семеен агробизнис.
-Воведуваме поддршка за старт – ап семејни винарии и фарми. Преку оваа програма отвараме можност за добивање на грантови од 10 000 евра, за опрема за преработка и маркетинг на вино, растителни, месни и млечни производи. Од оваа сума апликантите ќе можат да искористат 1000 евра за експерти кои можат да помогнат во производството.

За да можат земјоделците да ги користат овие средства ќе треба да се регистрираат согласно еден од трите правилници – правилник за мали винарии во МЗШВ и правилниците за флексибилност за производи од животинско и растително потекло во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Грантовите освен за вино, млеко и месо наменети се и за производство на нетрадиционални производи како што се – ароматични, лековите и зачински билки.
За оваа мерка предвидени се вкупно 3 милиони евра од МЗШВ. Со овие грантови им овозможуваме на малите семејни бизниси да придонесат во земјоделскиот сектор и стопанството – изјави Димковски.
Б.А.Н.
