Нутриционист

Грав

Гравот е богат со растителни влакна кои го забавуваат варењето и прави подолго време да се чувствувате сити.

Гравот е едногодишно растение од семејството Fabaceae. Најраспространет е обичниот грав (Phaseolus vulgaris), кој се дели на два подвида: висок и низок.
Гравот има исклучителна енергетска вредност, а ги содржи речиси сите есенцијални аминокиселини. Освен тоа, содржи и лецитин, како и минерали: калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк и натриум. Гравот содржи и витамини и тоа фолна киселина, тиамин, пиридоксин (Б6), витамин К, рибофлавин (Б2), пантотенски киселини и ниацин (Б3). Претставува одличен извор на протеини, со многу малку масти, не содржи заситени масни киселини, ниту пак холестерол. Гравот е богат со растителни влакна кои го забавуваат варењето и прави подолго време да се чувствувате сити.


Бидејќи содржи диетални влакна, протеини и антиоксиданти, гравот исклучително поволно делува на нашето здравје. Го намалува холестеролот, го регулира нивото на шеќер во крвта и производството на инсулин бидејќи има низок глихемиски индекс и сложени јаглехидрати кои се варат полека, добар е за здравјето на системот за варење и штити од рак, особено од рак на дебелото црево. Гравот докажано го намалува и ризикот од срцеви болести поради веќе споменатата ниска содржина на масти.

Поради хранливите и лековитите својства на гравот, тој има широка биолошка и енергетска вредност, тој позитивно делува и при анемија, болест на забите, пад на имунитетот, настинка, грип, хроничен умор. И има поволни ефекти и врз менталното здравје.

Илија Бузлевски

© 2019 Cyber Green Market LLC