Македонија

Врнежите ќе ја успорат жетвата

Во наредниот период според укажувањата на агрометеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи, е неповелон за повеќето земоделски култури

Умерените температури на воздухот пропратени со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне, беа главна одлика на времето во изминатата седмица.
Слични временски услови не очекуваат и во текот на наредната седмица, но со малку пониски дневни температури кои на поголем дел од Републиката нема да го надминат триесеттиот степен.

Вакви временски услови во овој период на изведување на жетвата на есенскиот јачмен не им одговара на земјоделците, а уште повеќе што има услови за нестабилност која може да им причини штети кај веќе зрелиот јачмен. Врнежите ќе ја успорат жетвата, но од друга страна се добри за пролетните окопни култури на кои им треба вода.
Време со пониски температури, повремени врнежи и појава на слаб ветер не оди во прилог на пчеларството во време на медење на липата, каде се измиваат цветовите а времето за излегување од кошниците се скратува.

Пониските дневни температури ќе го успорат и зреењето на раните сорти на овошки.

Инаку, во наредните денови, утре и особено во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и топло време, но попладне се уште со услови за изолирана појава на дожд и грмежи.


Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC