Македонија

Временските услови погодни за земјоделието

Стабилното време во поголемиот дел на изминатата седмица со исклучок на врнежите од дожд и заладувањето во средата, овозможи добри почвени и временски услови за земјоделството.

Прогнозираните временски услови за наредната седмица а тоа се стабилно и суво време со температури на воздухот кои ќе достигнат вредности над 25 оС па и повисоки, до 30 оС, некарактеристични за овој период од годината, ќе допринесат се конечно стабилизирање на земјоделското производство во сите делови.
Ваквите температури на воздухот ќе допринесат и за загревање на почвата која во овој период од земјоделското производство е од клучно значење како за расадување на културите на отворено како што е тутунот, исто така и кај градинарското производство и полјоделското производство на пролетни окопни култури.
Во овој период на цветање на багремот во реоните на Повардарието ваквите временски услови и температури можат да допринесат за медење на истиот што е добро за пчеларството.

Очекуваните временски услови во наредниот период треба да се одразат позитивно врз целокупното земјоделско производство, особено врз житните култури кои имаат доволно влага во почвата а се наоѓаат во фаза на интензивно класање.
Инаку, времето денес ќе биде променливо облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 70 км/ч.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен. Утре ќе се задржи слично време со температури повисоки од денешните кои ќе се движат од 22 до 28 Целзиусови степени. Од УХМР информираат дека следува период на стабилно време со пораст на дневните температури.

Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC