VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

July 23, 2020, 9:20:48 AM
Македонија

Во секоја смоква има смоквина оса

Смоквата е всушност цвеќе кое расте навнатре па се формира плод, а за опрашување е потребна така наречена смоквина оса

Иако смоквата често се нарекува кралица на медитеранското овошје, таа технички спаѓа во категоријата на цвеќиња, а начинот на нејзиното создавање е истовремено фасцинантен и застрашувачки.

Научниците објаснуваат дека смоквите се превртени цвеќиња, а нејзиното дрво не цвета како на пример јаболкница или праска. Нејзините цветови цветаат во внатрешноста на крушковидната капсула, која подоцна дозрева во овошје кое го конзумираме.

Тоа не е единствено нешто по кое смоквите се единствени.

Бидејќи смоквата се развива навнатре, потребен е специјален процес на опрашување, бидејќи не може да се потпре на ветар и пчели, па тука настапуваат смоквините оси. Смоквата не може да преживее без тие оси кои го шират нејзиниот генетски материјал, а осите пак не можат да живеат без смоквите бидејќи таму ги одлагаат своите ларви. Женката оса влегува во машка смоква, патем кажано, ние не јадеме машки смокви.

Cyber Green Market News

Крилјата на женката оса и нејзините пипала се кршат додека влегува во малиот отвор на смоквата од долната страна, па кога еднаш ќе влезат, никогаш повеќе не можат да излезат. Женката тука игра најголема улога во опрашувањето донесувајќи полен во внатрешноста на смоквата.

Откако осата ќе умре во внатрешноста на смоквата, таа се разградува и е нужне процес за создавање на вкусна смоква. Меѓутоа, нема да најдете мртов инсект внатре, бидејќи смоквата лачи силен ензим кој во целост го разградува инсектот и го претвора во протеини.



Дали смоквите се делат на машки и женски? - Некои видови имаат машки и женски дрвја, но други се репродуцираат асексуално, без каков и да е пренос на полен, па така може да се каже дека не се ни машки ни женски, или се и машки и женски. Последниве се најчестите што ги јадеме, што значи дека може да сме мирни во однос на тоа дали има оси во смоквите кои ги јадеме, иако ензимите кои ги испушта плодот додека зрее во суштина ги „вари“ телата на какви и да е инсекти кои се затекнале внатре.

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259