VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

November 26, 2019, 9:03:19 AM
Македонија

Во декември можност за нови инвестиции од ИПАРД

Во наредниот период а со цел поголема информираност на заинтересираните страни, тимови од Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, од Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој, и од АПРЗ, ќе оддржат ИПАРД инфо денови и работилници, на кои сите заинтересирани ќе можат да се информираат и да поставуваат конкретни прашања за можностите и начинот за искористување на овие средства.

Во втората половина на декември оваа година ќе биде објавен јавниот повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петта компонента на ИПАРД програмата. Дотогаш сите заинтересирани субјекти треба да ги подготват потребните документи. Од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руарален развој информираат дека станува збор за мерка 3 –„Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека со помош на средствата од оваа мерка ќе може да се реализираат инвестиции за преработка и производство на : млеко и млечни производи, месо и месни производи ( вклучувајќи и јајца, живина), овошје и зеленчук ( вклучувајќи печурки, компири и илегуминозни култури),житарици, млечни продукти и скроб, зеленчукови производи, масла и маснотии од животни, шира, вино и оцет.

Cyber Green Market News

Преку мерката 3„Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“, ќе може да се набават машини, опрема за преработка на земјоделски производи( од растително и животинско потекло), како и да градат нови или реконструираат постоечки објекти за преработувачки капацитети, а со цел унапредување на домашниот агро – сектор и достигнување на ЕУ стандардите. Деталите за Јавниот повик 02/2019, ќе бидат објавени дополнително, поточно втората половина на декември а огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници. Сите кои сакаат да аплицират за добивање на средства од ИПАРД 2 програмата, ќе треба да ја подготват потребната документација и откако ќе биде објавен повикот да поднесат барања.

Апликациите мора да бидат целосно комплетни. Во наредниот период а со цел поголема информираност на заинтересираните страни, тимови од Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, од Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој, и од АПРЗ, ќе оддржат ИПАРД инфо денови и работилници на кои сите заинтересирани ќе можат да се информираат и да поставуваат конкретни прашања за можностите и начинот за искористување на овие средства. Со користење на европските средства од петтата компонента на инструментот за предпристапна помош се унапредува и осовременува домашниот агро – сектор, а со тоа се овозможува зголемено производство, квалитет, како и пласман на домашните земјоделски производи во странство.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

This Testimonial is related to:

JOSIE LANE

Art Director

This Testimonial is related to:
Date Created
Country

Introduce your team! Click here to add images, text and links, or connect data from your collection.