VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

January 2, 2020, 9:07:31 AM
Свет

Во ЕУ повеќе жито, помалку шеќер

Европската унија ги објави проекциите и претпоставките за движењето на земјоделството и производството на најзначајните агро-култури за следната декада

Побарувањата на Европската унија за житни и маслодајни култури и понатаму е голема и условена со потребите од сточна храна, се вели во проекцијата на пазарот за периодот од 2020 до 2030 година. Брисел предвидува дека произвотството на житарици во ЕУ, ќе достигне 320 милиони тони годишно. Минатата година - 2019, производството тежело 312 милиони тони. Се очекува дека извозот умерено ќе се зголемува поради се поголемата конкуренција на глобално ниво, со зголемувањето на производството во црноморскиот регион.

Cyber Green Market News

Кога станува збор за протеинските култури, се очекува силен пораст на производството во ЕУ, кое според наведените проекции во извештајот ќе достигнат 6,3 милиони тони во 2030 –та година. Растот е воден од силната побарувачка на растителни протеински производи, како за сточна храна, така и за човечка употреба.
Земјоделските производи под маслодајни култури ќе претрпат мал пад на производството, иако се предвидува значаен пораст на површини под соја. ЕУ очекува дека производството на маслодајна репка ќе продолжи со падот и покрај тоа што има константна побарувачка.

Севкупно гледано производството на маслодајни култури ќе биде стабилно во периодот до 2030 година со проекција од 32 милиони тони принос на годишно ниво.
За секторот на шеќери се предвидува намалување на потрошувачката во човечката исхрана, од 0,8 отсто, за периодот до 2030 година, а таа е проектирана на 18,5 милиони тони.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259