Свет

Во Германија се покачи цената на овошјето и зеленчукот

Цените на свежата храна во Германија, пред се на овошјето и зеленчукот, значително пораснаа во текот на месец април, пренесува весникот Билд.

Како што се наведува, станува збор за пораст на цените речиси за 10% во однос на истиот период во 2019 година. Податоците ги соопшти информативната агенција за земјоделски пазар од Бон и како што е нагласено – порастот на цените не е предизвикан само од кризата со корона вирусот.

Покрај фактот дека пандемијата одиграла голема улога во ова, треба да се има предвид дека и родот на овошјето, а особено на јаболката бил полош од вообичаено.

Поедини цени на зеленчукот се покачиле дури за 27 % во однос на април 2019 година, а тоа се случува најмногу поради недостигот на сезонски работници предизвикан од рестрикциите за патување што последователно предизвика и побавен пласман на производите.

Извор: Билд

© 2019 Cyber Green Market LLC