VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Водена крес салата – поточарка

Водената крес салата погодна е за одгледување во монокултура, а најдобро успева во вода.

Латинскиот назив на водената крес салата е Nasturtium officinale L. Припаѓа на фамилијата Brassicaceae.
Водената крес салата се одгледува за листовите кои имаат карактеристичен и мошне пријатен вкус како и заради својата лековитост во народната медицина. За хранливата вредност повеќе од доволно е што соджи поголема количина на железо од спанаќот и повеќе витамин С од лимонот и портокалот. Младите изданоци и листови се богати со витамини (В1, В2, С и Е) и се користат како салата, додаток во супи, намази, сосови или се користа за декорација на јадењата. Сувите листови и семињата може да се користат како зачини, а недозреаните плодови може да се киселат.
Таа вирее и кај нас по планинските и полските забарени ливади: во водата од потоците, изворите и други места со течечка вода. Таа најмногу се одгледува во западна Европа.

Водената крес салата е многугодишно водено растение. Стеблото е месесто и достигнува височина до 40цм. Лесно се ожилува пуштајќи во водата бели жили за користење на водата и храната. Листовите се тркалезни или лопатести со темнозелена боја. Цветовите се ситни, бели собрани во гроздести соцветија на врвот од стеблото. Семето е малобројно, ситно и сместено во мали шишарки (плодови). Во 1г има 4000 семки. `Ртливоста на семето е до 4 години. Никнува по 6 дена. Водената крес салата е растение на долг ден, а под 7oC преминува во фаза на мирување.
Водената крес салата погодна е за одгледување во монокултура, а најдобро успева во вода. За одгледување на водената крес салата потребни се следниве услови:
• Водена површина со пад од 1%, слој вода на почетокот 0,6-2цм, а за време на бербата 6-16цм;
• Брзина на текот на водата од 60-120 цм/сек, односно 400-1000л/м2 дневно;
• Температура на водата од 10 до 15оC;
• Квалитет на вода алкална (pH 7,5);
• Ниска концентрација на NO3 и калиум;
• Толерантна е на сол (NaCl);
Водената крес салата се одгледува со резници (вегетативно) или со семе со склоп од 100-200 растенија /м2. Се сее од есен до пролет. Кај пролетната сеидба (април/мај) се сее во саксии, семето се покрива со тенок слој почва и важно е да се одржува постојана влага. За никнење е потребно 8-10 дена. Потребна и е сончева положба ако е климата ладна или полусенка во подрачја со потопла клима со влажна до мокра почва. Посебно успева во Англија, бидејќи и одговара свежа и влажна клима од 10оС до 12 оС, но поднесува и температура до 30 оС.

За хоби производителите се препорачува одгледување на влажни гредици во сенковити делови од градината. Може да се одгледува во ископани трапови кои се до длабочина од 40цм и широки 2.5м низ кои полека тече чиста вода. Потребно е доток и одвод на вода и мал насип кој растенијата ги штити од ладен ветер. Кога треба дасе сее дотокот на вода треба да се затвори и да се исуши трапот. Како растенијата растат така се зголемува нивото на водата која мора да биде проточна. Прихрана воглавно не е потребна касно на есен траповите може да се покријат со фолија за да се заштитат растенијата од мраз. При интензивно производство водената крес салата се сее секоја година, додека кај екстензивно производство може да остане до 10 години во култура. Се препорачува растојание меѓу растенијата од 15 до 30цм.

Бербата на младите изданоци со должина од 10-15цм започнува 20 денови после садење, односно 40-50 денови после сеидба и може да се произведува повеќекратно. Во текот на годината може да се остварат околу 20 берби со принос од 4кг/м2 за секоја берба.


Водената крес салата го сопира и намалува оксидативниот стрес и го зголемува антиоксидативниот учинок. Сокот од крес салатата се користи за надворешна употреба кај заболување на кожа, косопаст со ставање на облоги. Новите истражувања покажуваат дека со редовна консумација на листовите од крес салатата значително се намалува ризикот од појава на различни облици на карцином.

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen