VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Витаминска бомба за студени денови

Иако е растение типично за Медитеранот, калинката која се одгледува и на нашите простории е една од најстарите овошки од ова поднебје. Доколку се избере соодветна сорта и ако на дрвцата им се пружи адекватна нега во текот на зимата, ќе се добие вистински украс во градината и плод на здравјето и младоста

Калинката спаѓа во групата на листопадни суптпропски овошки. Најмногу и погодуваат подрачја со жешки лета и благи зими. Меѓутоа, калинката може да поднесе и ниски температури до -11 Целзиусови степени. Под оваа температура, дрвцето замрзнува. Исто така на оваа овошка најмногу и штетат касните пролетни мразови, како и раните есенски ниски температури. Доколку соодветно се заштити во текот на зимските денови, со сигурност ќе донесе вкусен и драгоцен плод.
Кај нас се одгледува украсна и калинка за јадење. Првата има исклучително атрактивни цветови и е идеална доколку сакате да го оплемените вашиот двор. Од видовите кои се јадат, кај нас најчесто се одгледува сортата со слатко-кисел плод, бидејќи само тие ги поднесуваат ниските температури и даваат род.

Калинката бара добро издренирана земја, а најмногу и одговара пескоклива почва богата со хумус. Не поднесува тешко и збиено земјиште. Поради својата особина во основата да развива мноштво изданки, калинката најчесто се одгледува како џбун. Ако растението се посади од семе, полн род може да се очекува за 8-9 години. Доколку станува збор за садница првите плодови се очекуваат во петатта година.
Најдобро време за нејзино садење е пролетта. Се сади на растојание од пет метри. Доколку сакате да ги имате во дворот или градината, задолжително одберете сончево место кое е заштитено од ветер. Садниците се садат на длабочина од 70 сантиметри, коренот се покрива со земја, потоа со слој од ѓубриво и повторно со земја.

Калинката е самооплодливо дрво, односно има и машки и женски цветови. Кога ќе се заврши периодот на цветање, од дрвото паѓаат сите машки цветови, како и неоплодените женски. Есенските и пролетните месеци се периоди во кои калинката интензивно расте и тогаш е важно земјата да биде влажна. Ова дрво се ѓубри секоја трета година.
Бербата на калинката обично е во септември или октомври. По бербата и пред првите мразеви, неопходно е калинката да се заштити. Најчесто се прекрива со агротекстилно платно, а долниот дел на стеблото обилно се затрупува со лисје или со слама. Вака заштитена калинката нема да замрзне.
Калинката е исклучително корисна и профитабилна овошка која се користи во кулинарството за правење сокови и слатки, во козметиката, но и во фармацијата. Како докажан антиоксиданс, многу е важна за кожата, а штити и од штетните УВ зраци. Корисна е и за коските, го успорува воспалението на простатата, а се користи и како превентива против ракот на дојка.
На пазарите во Скопје, калинки се продаваат од 70 до 100 денари за килограм.



Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen