VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Свет

Вирус на домати во оранжерија во Франција

„доматен кафеав рапав овошен вирус“ или ToBRFV во нејзината скратена верзија, предизвика хаос во сите земји каде што тој се појави

Француското Mинистерството за земјоделство соопшти дека постои „многу силно сомневање“ за постоење на вирус на домати во оранжерија во Финистер. Оваа болест наречена „доматен кафеав рапав овошен вирус“ или ToBRFV во нејзината скратена верзија, предизвика хаос во сите земји каде што тој се појави, јави дописникот на МИА.

Официјалните резултати се очекува да бидат објавени наскоро од страна на националната референтна лабораторија. Во меѓувреме, оранжеријата е ставена во целосен карантин со забрана за пристап. Уништувањето на сите растенија со домати во заразените стакленици ќе се изврши „штом официјално се потврди жариштето на вирусот“, соопшти Министерството.

Според Агенцијата за здравствена безбедност (АНСЕС), вирусот на домат може да зарази до 100% од растенијата на местото за производство, што го прави страшен за земјоделските култури со голема густина на садење, како што се земјоделските култури. Сепак, тој вирус нема никакво влијание врз луѓето. Може да се пренесе преку заразено семе, растенија и овошје и да преживее на отворено долго време.

Овој вирус за прв пат беше забележан во Израел во 2014 година, потоа беше пронајден во 2018 година на доматските култури во Мексико, САД, Германија и Италија и, конечно, во 2019 година во Холандија, во Велика Британија и Грција.

Интересно е дека француските здравствени власти издадоа предупредување само пред неколку недели за опасноста од овој вирус на доматите, кој многу лесно се пренесува не само на доматите, туку и на пиперките, петунии, модар патлиџан и тутун: наречен ToBRFV (Вирус на овошје од домати Браун ругози).

Засега не е пронајдено ниту хемиско, ниту биолошко средство за борба против вирусот, единственото решение е целосно уништување со горење на заразените растенија и плодови.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!