VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Ветеринарите ги ставаат на располагање своите капацитети

Докторите по ветеринарна медицина имаат големо искуство со справување и контрола на болести и играат клучна улога во превенцијата и управувањето, вклучувајќи ги и оние што се пренесуваат на луѓето, се вели во писмото на Ветеринарната комора

Ветеринарната комора на Република Северна Македонија денеска упати писмо до министерот за здравство, Венко Филипче и до директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов со кое ги известува дека во услови на вонредна состојба, ветеринарните друштва, во рамки на своите можности, ги ставаат своите капацитети на располагање за сите мерки за справување со ширењето на вирусот на КОВИД-19.

Во писмото се наведува дека во услови на пандемија од витално значење е сите да работиме заедно и во тој контекст сметаме за потребно како професија во нашиот делокруг на работа да дадеме придонес во спречувањето на ширење на вирусот на КОВИД-19 на територијата на нашата држава.

Ветеринарно-здравствените работници се составен дел на глобалната здравствена заедница и ја споделуваат одговорноста заедно со колегите од хуманата медицина и другите субјекти да делуваат во насока на спречување и отклонување на закани од ваков тип, вели за МИА претседателот на Комората, Томислав Николовски.

Според него, надвор од активностите поврзани со здравјето и благосостојбата на животните, докторите по ветеринарна медицина имаат големо искуство со справување и контрола на болести и играат клучна улога во превенцијата и управувањето, вклучувајќи ги и оние што се пренесуваат на луѓето.

-Ги известуваме двете институции и дека ветеринарните друштва во нашата држава имаат компетентен кадар, знаење и опрема и можат да се стават на располагање за вршење дезинфекција на простор и објекти, согласно потребите и препораките на Владата за што поуспешно справување со вирусот, како и за други активности кои се во рамки на дејноста на ветеринарната медицина, нагласува Николовски.

МИА

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen