Свет

Велика Британија со чартер летови носи берачи од Источна Европа

Британските земјоделци и фармери предупредија дека милиони тони род ќе скапат на полињата заради недостиг на сезонски работници од Источна

Работници и берачи на овошје и зеленчук од источноевропски земји со чартер летови се носат во Велика Британија, пренесува БиБиСи. Според компанијата „Ер Чартер Сервис“ која ги организира овие летови, првиот авион со 150 берачи од Романија слетува денес, а се очекуваат уште 5 до крајот на јуни. Истата компанија во изминатите неколку недели организирала превоз на 1.000 работници од Бугарија и Романија на фарми во Германија.

Британската влада ги охрабри граѓаните да „помогнат во берењето“ откако британските земјоделци и фармери предупредија дека милиони тони род ќе скапат на полињата заради недостиг на сезонски работници од Источна Европа кои не можат да патуваат поради коронавирус кризата.

Според британската Национална унија на фармери, оваа сезона потребни се околу 70.000 берачи на овошје и зеленчук.

Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC