
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Вегетацијата се буди, врнежите добредојдени
Суви водотеци, празни акумулации, почва жедна за вода, се последиците од долготрајната суша оваа зима. Дождот и снегот што деновиве наврнаа низ земјава се повеќе од добредојдени за земјоделските култури

Промената на времето и врнежите од дожд и слаб снег на планините во изминатата седмица беа повеќе од добредојдени особено во централните и јужните делови од Републиката каде сушата беше особено изразена кај есенските посеви а количествата беа од 25-35 литри на еден метар квадратен.

Сепак добра вест е дека и во текот на викендот влажниот бран донесоа нови врнежи кои само ја подобрија состојбата со влага во почвата. Ваквите врнежи со ваков интензитет и со овие количества целосно се впиваат во почвата која е ,,жедна,, за вода, а сосема малку ќе допринесат за полнење на акумулациите кои се речиси празни.
Минималните температури на воздухот во наредниот период ќе се движат околу 0 Целзиусови степени, додека дневните од 15-18 Целзиусови степени, што ќе допринеси за отпочнување и будење на вегетацијата кај коскестите видови и цветање особено кај раните сорти кајсија, бадем и слива џанка.
Оваа година сите овие процеси се изведуваат многу порано, а услови за ниски минимални температури сеуште постојат, затоа што просечните датуми на последна појава на мраз во пролет се во третата декада од месев март.
Б.А.Н.
