VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

February 21, 2020, 8:42:48 AM
Македонија

Боровинката бега сè повисоко на Пелистер

Боровинката е најсобирано самоникнато растение на Пелистер

Боровинката, најсобираната бобинка на Пелистер, се сели на повисоките планински предели и е со намален плод. Тоа е последица на притисокот од инвазивните растенија, молика, ела, смрека и најверојатно како резултат на глобалното затоплување.

Пелистер дава по 200 тони боровинки годишно, но просечната големина на плодот е намалена, вели Тошо Арсов, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна и експерт за самоникнати растенија.
Теренските истражувања во рамките на проектот „Одржливо управување со растителните природни ресурси“, имплементиран од УНДП и Министерството за животна средина, покажаа дека плодот на боровинката е околу 0.238 грама, а во 1950-ите години бил 0.267.

„Цветањето и зреењето, односно сите фенофази се одвиваат продолжено по еден месец. Просечната маса на плодот е помала со одреден процент од претходно. Продуктивноста е иста, од 150 до 400 грама на метар квадратен. Онаму каде се моликите и инвазивните видови, продуктивноста е помала дури и до 50 грама по метар квадратен. Боровинката се качува на повисоко поради притисокот од инвазивните видови. Под моликата и елата се среќаваат боровинки со многу помала продуктивност. На оние чисти површини, што пред 30 години ги имаше од страната на Преспа, има доста смрека“, рече Арсов.

Cyber Green Market News

Боровинката изобилува со витамин Ц и плодот и листовите се користат за исхрана. Таа е на прво место од самоникнати растенија што се собираат на Пелистер. Од Националниот парк, кој беше вклучен во проектот, велат дека многу често боровинката се бере пред да созрее, со што настанува оштетување на растението. Поради тоа, внимаваат периодот на берба да го одредат кога таа е созреана.

„Бројот на собирачи расте. Доаѓаат берачи и од други краишта, главно од Велес. Инаку, таа е добар приход за месното население. Се берат од 100 до 200 тони боровинка годишно. Се размислува за нов преработувачки капацитет во близина на паркот, па овие производи да не се продаваат како суровина, туку да добијат дополнителна вредност“, рече директорот на паркот Амет Аџиу.

Во строго заштитените зони не смеат да се собираат лековити билки. Изработени се и 15 дигитални мапи на распространување на самоникнатите лековити растенија на Пелистер.

„Жолтата линцура (чемер) е во многу добра состојба во региони каде човекот не поминува, а онаму каде што поминува како турист или за да збира боровинка е доста загрозена, на некои места е сосема уништена. Во иднина една од активностите на националниот парк треба да биде мониторинг и конзервација на овие видови кои се ендемски“, рече професорката Силвана Манасиевска-Симиќ, тим лидер на проектот.

Со проектот беа опфатени 138 собирачи на лековити растенија, како и 24.000 хектари од Пелистер и Преспа. Планината изобилува со лековити растенија, но често се случува населението кое живее наоколу да ги купува увезени од продавница. Дивото оригано, кое се става во екстрактите во лековите за имунитет, е истото оригано што расте на Пелистер и се пие како планински чај.
пишува: Ж. Здравковска
извор:сдк.мк

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259