VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Колумна

Боите во чинија!

Со доаѓањето на летото природата станува шарена, бујна и сочна. Ова е одлично време да се направи премин од зимска кон летна исхрана, што подразбира дека во менито треба да бидат застапени што повеќе бои. Силните бои со кои така раскошно располагаат и овошјето и зеленчукот му годат и на телото и на душата, а содржат и многу корисни природни материи. Иако нутриционистите препорачуваат топло-црвени тонови наутро, силно-жолти напладне и темноцрвени, дури виолетови плодови навечер, едно е сигурно. Најважно е секој ден да се изеде цела палета од бои!

Окото јаде заедно со устата. Во оваа реченица има повеќе вистина отколку што се свесни повеќето луѓе. Гете во свое време тврдел дека боите ни носат големо уживање. Бојата на храната дејствува не само врз желбата за јадење туку открива и кои корисни материи се содржани во неа. Затоа многумина веруваат дека со храната се внесува посебна енергија која извира од боите за полесно да ги издржиме сите четири годишни времиња.
Постои теорија дека за лошото и депресивно расположение е виновен недостигот од бои во чинијата. Стручњаците сметаат дека е најдобро да се раководиме според светлата на семафорот (црвена, жолта, зелена), а притоа да ужива не само окото туку и непцето и се ќе биде во ред.
Црвената е боја на крвта, на животната енергија, на страста, љубовта, жарот и на огнот. Од бојата на морковот, доматот, цвеклото - секоја нијанса нуди нешто единствено и корисно. Црвената боја е слатка кај овошјето (јагоди, црвени јаболка), а пикантна или лута кај зеленчукот (домат, пиперка, црвена зелка, ротквици, лута пиперка). Она што е црвено сигурно е зрело, а ги содржи следните корисни материи:

Капсаицин - материја што ја разбудува и потикнува размената на материите, а најмногу ја има во чилито и во лутите црвени пиперки!

Бета каротин - е растителна претходница на витаминот А, еден од најважните заштитници на клетките во организмот. Го има многу во морковот, доматите и во пиперките.

Ликопен - материја која им ја дава бојата на доматите, а член е на фамилијата на каротиноидите. Како најсилен каротиноид, тој е исклучителен борец против слободните радикали, но и ја намалува можноста од појава на рак на желудникот и на простатата.

Со витамин Ц изобилува црвената пиперка, но и јагодите, разните бобичести овошја и шипките. Важно е да се знае дека плодот колку е покисел толку е побогат со витамин Ц.

Жолтата е боја на сонцето, на светлината и на расположението. Некои терапевти велат дека отфрлањето на жолтата боја е отфрлање на животот, бидејќи жолтото ја ослободува позитивната енергија. Жолтата боја помага при лекувањето на депресијата, напнатоста, алергијата и астмата. Поголемиот број материи кои се наоѓаат во овошјето и во зеленчукот и кои имја даваат бојата на плодовите се наоѓаат во неговата кора. Жолтото е освежително во овошјето (лимон, ананас, дињи) и слатко во зеленчукот (компир, тиква, пченка). Она што е жолто и зрело е и лесно сварливо, а содржи:

Флавоноиди - (од латински флавус што значи жолто). Тоа се материи кои на плодовите им даваат боја и пред се се наоѓаат во кората на плодовите (компир, кромид). Имаат слична функција како витамините, ги спречуваат микробите и ги штитат клетките од штетните влијанија на бактериите.

Витамин Ц - го има во жолтите и портокалови овошја, но и во компирот.

Каротиноиди - како што е бета-каротинот во жолтата пиперка и зеаксантинот во пченката. Тоа се материи кои го штитат плодот од пресилните зрачења од сонцето, но и кај човекот дејствуваат на сличен начин.

Зелената е боја на растењето, раѓањето, на природата и на свежината. Тоа е храна сочна и моќна. Кога организмот е исцрпен и уморен, добро му доаѓа малку оптимизам. Со помош на зеленилото во листовите, растенијата го претвораат зеленилото во живот! Во трерапијата со бои зеленото претставува хармонија и зближување - со природата. Свежото и зеленото овошје и зеленчук се пресудни за доброто здравје. Зеленото е кисело и освежително во овошјето (киви), и свежо и горчливо во зеленчукот (спанаќ, артичока, кељ). Зелената храна содржи:

Магнезиум - кој како молекул се наоѓа во хемиската структура на хлорофилот. Најмногу го има во спанаќот, кељот, зелениот листест зеленчук и во зачините.

Фолна киселина - ја има пред се во зеленчуците. Бидејќи се губи со термичката обработка на храната, надобри се суровите и свежи плодови.

Каротиноидите - ги има и во зелените продукти, но прекриени со интензивно обоениот хлорофил! Така спанаќот, кељот, брокулата и кивито се богати со ксантофили (зелен лутеин) кои се исклучително важни за заштитата на очите.


Благородна Абрашева Ноциќ

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen