VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Бербата на вишни во полн ек

Со цел да има непречен откуп на вишни, МЗШВ како ресорно министерство ќе организира и заедничка средба со земјоделците и откупувачите.

Во моментов, бербата на вишни е во полн ек. И во оваа гранка, како и во сите останати земјоделски сектори, многу е важно да има соработка и договор помеѓу земјоделците производителите на вишни и откупувачите. Затоа, вчера, министерот Трајан Димковски заедно со градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев, ја посетија компанијата "Фруктана", која што откупува и преработува вишни, друго овошје и зеленчук. Се разговараше за нивните планови за откуп на вишни и за откупната цена, како и за идните инвестиции во компанијата преку мерките од ИПАРД2 програмата. Преработувачката индустрија има клучна улога во обезбедувањето на пласман на земјоделските производи, вклучително и на вишните.

Исто така, минисерот Трајан Димковски заедно со градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев, остварија средба со дел од откупувачите и преработувачи на вишни и со претставници на Здружението на производители на вишни од Василево.

Ги слушнааа и предлозите на земјоделците производители на вишни за начинот на годинешниот откуп на вишни и за откупната цена.
Со цел да има непречен откуп на вишни, МЗШВ како ресорно министерство ќе организира и заедничка средба со земјоделците и откупувачите.
На средбата, министерот ги информираше земјоделците и за новиот Правилник за флексибилност за растително производство, кој што овзможува продажба на прерaботки од земјоделски производи од куќен праг како и за сите мерки кои ги превзема МЗШВ за справување со последиците од КОВИД – 19 врз земјоделството, како што е зголемувањето на процентот на покривање на трошоците за набавка на зелена нафта од 30% на 50%.

Исто така, министерот Димковски ги информираше земјоделците за обезбедената поддршка од 10.000 евра за старт ап семејни бизниси како и за други мерки од доменот на работење на МЗШВ.
Заедничкиот заклучок од денешните средби е дека земјоделците и откупувачите, мора да градат партнерски однос, што е важно за стабилен пласман на земјоделските производи.
МЗШВ и во следниот период ќе креира мерки за поддршка на примарното производство и на преработувачката индустрија, како две клучни алки за одржливо земјоделско производство.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!