VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Бел Слез - го олеснува дишењето

Белиот слез пред се е познат како извонредно помошно средство во лекувањето на болести на дишните органи, како што се бронхитис, астма, воспаление на белите дробови и грлото, бидејќи ја раствора слузта и го поттикнува искашлувањето

Белиот слез, се користи многу во народната медицина, но и во современата медицина и тоа стеблото, листот и цветот.
Белиот слез расте насекаде каде што има влага, до коритата од реките или каналите. Лековитиот слез зависи од содржината на слуз(од 30 до 35%). Белиот слез уште содржи и околу 35% скроб, 1.5% масла и пектин, танин, аспарагин, лецитин, растителни стероли и фосфат.
Белиот слез се смета дека потекнува од источна Европа и од западна Азија, но поради своите лековити својства се одгледува ширум светот. Во својот состав содржи многу корисни состојки и супстанции: аспарагин, бетаин, растителни влакна, растителни масти, етерични масла, пектин, инвертен шеќер, сахароза, скроб, јагленохидрати и фосфати. Може да порасне и до 2 метри во висина. Стеблото може да биде разгрането, листовите му се меки и со сребреникаво – розеникава боја.
Белиот слез пред се е познат како извонредно помошно средство во лекувањето на болести на дишните органи, како што се бронхитис, астма, воспаление на белите дробови и грлото, бидејќи ја раствора слузта и го поттикнува искашлувањето

Техниката на одгледување на слез бара мека и влажна почва каде може да се развие буен корен и надземен дел од растението. За садење потребно е претходно длабоко ископана почва. Сеидбата се прави во рана пролет(март). Се сее на 70цм растојание меѓу редовите на длабочина од 1-2цм. Доволно е 5-6кг семе по хектар. Бидејќи оваа култура останува подолго време во истата почва, почвата се култивира повеќе пати за да се подобри зоната околу коренот.

За да се добие лек се вади коренот при крајот на есента или на почетокот на пролетта. Коренот се мие, се лупи се сече и се суши. Листот и цветот се берат за време на сезоната на растење неколку пати, но не треба да се собери повеќе од една третина од листот за да не се изгуби квалитетот на коренот. Приносот на сув лек од коренот изнесува 1-1,5t/ha, од листот 1 t/ha и цветот до 100kg/ha.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen