
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Без врнежи од следната недела
Иако утре и задутре метеоролозите предвидуваат нестабилно време со дожд и грмежи, од почетокот на следната недела предстои суво и многу топло време, при што се препорачува редовно наводнување на земјоделските култури

Изминатиот период беше поволен за вршење на сите земјоделски активности, а зголемените температури овозможија добар развој на фазите на пролетните култури и поволни услови за привршување на жетвата на житните култури. Зголемените температури и поврмената локална појава на врнежи го забрзаа процесот на зреење на градинарските и овошните култури како и на виновата лоза.

За време за викендот не очекува нестабилно време, проследено со дожд, грмотевици и засилен ветер. Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме. Се препорачува да се откажат сите планирани активности на отворено и да се применат мерки за заштита од можни штети кои можат да настанат заради невремето. Од почетокот на наредната недела не очекува стабилно време со повисоки температури кои ќе овозможат сите активности на отворено да се извршуваат непречено.
Заради зголемувањето на дневните температури во текот на наредната недела и недостатокот од врнежи кој се очекува во наредниот период се препорачува наводнување на земјоделските површини за да продолжи непречено нивниот развој.
Б.А.Н.
