VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Бабовски: Ни треба домашно производство на риба

Со доделување на средствата од Програмата за рибарство и аквакултура директно ќе влијаеме за развој и модернизација на домашните претпријатија со што ќе се овозможи домашно производство на риба, но и содавање на порибителен материјал, рече Николче Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Николче Бабовски и раководителот на подрачната единица на МЗШВ – Битола, Методија Илиевски, при посетата на Ј.П "Стрежево"разговараа за модернизација и помош на домашните претпријатија од областа на аквакултурата.

Во фокусот на средбата биле актуелните новости околу Програмата за финансиска поддршка во рибарство и аквакултура – инвестиции во аквакултурата и набавка на порибителен материјал. Директорот, Бабовски посочил дека средствата од Програмата за рибарство и аквакултура како и досега ќе бидат насочени во развој на рибарството.

„Со доделување на средствата од Програмата за рибарство и аквакултура директно ќе влијаеме за развој и модернизација на домашните претпријатија со што ќе се овозможи домашно производство на риба, но и содавање на порибителен материјал. Со помошта на овие капацитети директно влијаеме и врз цената на свежата риба за домашниот пазар. АФПЗРР, заедно со МЗШВ ќе продолжат да креираат мерки кои ќе носат развој на домашниот агро сектор. Со развој на земјоделството овозможуваме производство на домашни земјоделски производи. “ – истакнал Бабовски.
На средбата станало збор и за состојбите во македонското земјоделство како и јакнењето на капацитетите и можностите за продлабочување на заедничката соработка помеѓу двете институции.

-Ja изразувам мојата благодарност за постојанта поддршка од АФПЗРР и сум особено задоволен од досегашната меѓусебна соработка. Сметам дека доделените средства од страна на агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој делуваат мотивирачки за развој на дејноста рибарство и аквакултура и ќе бидат дополнителен поттик во иднина. изјави по средбата директорот на ЈП “Стрежево од Битола, Методија Граматковски.
На средбата биле истакнати и предлози и сугестии кои ќе бидат во насока за дополнително унапредување на рибарството и аквакултурата во нашата земја,.


Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen