Свет

Африканска свинска чума се шири низ Европа

Во последниве неколку недели во Полска, откриени се 55 случаји на африканска свинска чума кај диви свињи

Светската организација за здравје на животните (OIE), на својата веб-страница објави информација во која се вели дека болеста која го десеткуваше свинскиот фонд на Кина, најголемиот светски производител на свинско месо, сега е откриена и во село во Полска, оддалечено 30 километри од Германија, која пак е најголем извозник на свинско месо во Европа.
Поради стравувањата дека чумата може да се прошири и кај нив германската власти подигнаа огради во сите германски сојузни држави кои се граничат со Полска. Ова е со цел да се спречи движењето на дивите животни и свињите по нивната територија.

Германската сојузна држава Бранденбург постави на својата граница ограда висока 90 сантиметри, и го ублажи ограничувањето за ловџиите за да овозможи поголем лов на диви свињи.Саксонија исто така постави 4,5 километри електрифицирана ограда, во подрачјето со висок ризик.
Пред неколку дена бугарските ветеринарни власти соопштија дека ќе уништат 24.000 свињи на фарма во североистокот на земјата, каде е откриена епидемија на африканска свинска чума. Фарматаа се наоќа во Шуменската област. Пред неколку месеци овој вирус уништи шест фарми во Бугарија, кога беа заклани повеќе од 130.000 свињи.

И покрај тоа што африканската свинска чума не е опасна за луѓето, но е смртоносна за дивите и домашните животни, редовно се воведува забрана за увоз на свинско месо од регионите каде е откриено заболувањето. Кај нас нема детектирано присуство на вирусот, ниту кај дивите, ниту кај домашните свињи.


Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC