Македонија

Активности на овоштарникот во јануари

Во овој месец е потребно да се изврши отстранување на исушените и мумифицирани овошки, останати од претходната година, главно, коскестите овошни видови (цреша, вишна, кајсија, слива и праска) и најмногу по дуњите

Јануари е еден од најстудените месеци за нашaта географска положба. Просечната дневна температура е од 0 до минус 3 степени Целзиусови. Највисоките дневни температури достигнуваат до 11-15 степени, а најниските до минус 15 и до минус 20 степени.

Просечната месечна сума на врнежи е од 30-50 л/м2.
Во јануари преовладува претежно облачно време. Просечната должина на денот е 9,27 часа. Во овој зимски месец овошните и лозовите насади се во период на релативно мирување. Зеленчуковите култури се одгледуваат само во услови на заштитен простор.
Болестите и штетниците се наоѓаат во стадиум на презимување, не се активни и не предизвикуваат штета. Борбата е насочена само кон уништување на презимните форми со цел намалување на заразата во пролет.
Во јануари просечниот број на денови во кои може да се врши земјоделска работа се помеѓу 7 и 9.

Снежната покривка и најмногу ниските температури ја ограничуваат можноста за спроведување на заштитата во растителното производство.

ОВОШТАРТСTВО

Во јануари започнува резидбата, која помага да се отстрани заразата на гранчиња од брашнеста мана кај јаболкото и праските, краставост кај круши, раното кафеаво гниење кај коскестите овошни видови и др. Кога во овоштарникот има болни и исушени дрвја, тие задолжително се искоренуваат, за да не се дозволи разпространување на причинителот на болеста или успешно презимувње на штетниците. По резидбата сите исечени гранки и помали гранчиња се собираат, се отстрануваат надвор од овоштарникот и се согоруваат.
Овошни дрвја во вегитациониот период може да бидат нападнати од голем број на штетници, како прстенотворки, губар, жолтомешка, пеперутката на јаболковиот црв, педомерки-гасеници (мала зимска и голема зимска гасеница), и листосвиткувачи и др.

Тие презимуваат на овошните дрвја. Со собирањето и уништувањето на презимувачките стадиуми на овие штетници се спречува намножувањето напролет и се олеснува водењето на хемиската борба со нив.
Во овој месец е потребно да се изврши отстранување на исушените и мумифицирани овошки, останати од претходната година, главно, коскестите овошни видови (цреша, вишна, кајсија, слива и праска) и најмногу по дуњите. Тие се главен извор на зараза од кафеаво гниење, исчезнување на папките и други болести. Во нив,
исто така презимуваат некои штетници, како нематоди, прасков молец и др.

Бадемовиот семејад, најопасниот непријател на бадемите, исто така презимува во оштетените плодови, кои останале главно на дрвјата после бербата. Собирањето на овие плодови, и нивното уништување, штити од појавата на овој непријател следната година.

Кај јагодестите култури во јануари исто така се праземаат агротехнички мерки за заштита. Се врши обработка на почвата со цел уништување на заразата од црвени и бели лисни дамки на јагодите, нематоди на коренот на јагодата и други кои презимуваат во почвата и на испаднатите листови.

Со извршувањето на длабока обработка на почвата околу малините се ограничува ширењето на `рѓата, малиновиот бумбар или малинов цутојад, малиновата мува, малиновиот молец и други штетници.

Кога обработката на почвата се врши во текот на зимските денови, презимувачките форми на инсектите излегуваат на површината, каде загинуваат од ниските температури.

А.Г.

© 2019 Cyber Green Market LLC