
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Агропрогноза: Да започнат подготовките за зазимување на пчелите
Ова е период кога во пчеларството треба да започнат подготовките за зазимување, со стимулативната прихрана за зимското легло.

Стабилното време со температури до 35 оС во изминатиот период допринесоа за успешно зреење на винските сорти грозје, како и средностасните сорти десертно грозје. Ваквите временски услови овозможија непречена берба и сушење на тутунот, зреење и берба на градинарски култури како и берба на вински сорти на грозје.

Во наредниот период се очекуваат слични временски услови како измината седмица, со температури на воздухот поумерени од забележаните во изминатата седмица, се очекуваат да не надминат 32 оС, што ќе овозможи да продолжат активностите на терен околу бербите на грозје, овошки, градинарски и индустриски култури.
Засега влага во почвата има доволно за изведување на раната есенска сеидба во текот на септември.
Ова е период кога во пчеларството треба да започнат подготовките за зазимување, а во овој период е стимулативната прихрана за зимското легло.
Б.А.Н.
