VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Агрометео: Солидни услови за есенската сеидба

Припремите на површините за есенска сеидба може да почнат и порано, со што и во овој момент има услови за сеидба особено на јачменот, информираат агрометеоролозите од Управата за идрометеоролошки работи

Врнежите од дожд во изминатиот период кои беа поизразени во источните и североисточните делови на земјата, каде беа наврнати до 30 л/м2 се добредојдени за земјоделските култури. Зголемената влажност може да се поволно да се искористат, но во Кочанскиот регион обилните врнежи од дожд ја прекинаа жетвата на оризот за кратко, затоа што стабилизирањето на времето кон крајот на седмицата, повторно ги изнесе земјоделците на нивите со вообичаените работи за овој период од годината.

За оваа седмица се очекува променливо време со повремени врнежи од дожд особено во наредните неколку дена, претежно од локален карактер и со помали количества, но и со поголем пад на утринските и дневните температури кои нема да го надминат 22-риот степен во текот на денот. Утринските температури ќе се спуштат до 3 или 4Целзиусови Степени, но сеуште нема услови за првиот есенски мраз.

Прибирањето на плодовите од предходната реколта треба да се интензивира, велат агрометеоролозите, додека со припремите на површините за есенска сеидба може да се отпочне и порано, значи уште веднаш затоа што и во овој момент има услови за сеидба особено на јачменот.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

© 2019 Cyber Green Market LLC