
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Агрометео: Позитивно влијание кај овошките
Зголемената влажност во почвата ќе има позитивно влијание кај овошките, кај кои во овој период се формираат цветните папки за наредната производна година,

Врнежите од дожд кои се надпросечни во текот на август месец ја надополнија насекаде влагата во почвата на целиот профил, со што потребите на културите се задоволени во целост.
Позитивно влијание има кај сите култури, но најголемо е кај овошките, кај кои во овој период се формираат цветните папки за наредната производна година.

Температурите на воздухот и стабилното време во наредниот период ќе допринесат за нормален развој на културите, но, високата влага во почвата и воздухот ќе доведе до стварање на оптимални услови за појава на болести кај виновата лоза, кај која поради високата влага во почвата дојде до пукање на зрелите зрна, а тоа е одличен предуслов за зараза.
Во наредниот период потребно е да се посвети посебно внимание на заштитата како не би се изгубил родот за многу кртатко време.
Денес и утре, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. Од среда повторно ќе преовладува сончево, топло и стабилно време.
Б.А.Н.
