VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделието вработува 30 лица!

Во наредните три дена ќе трае Јавниот оглас за вработување на 30 лица во АПРЗ на определено време

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието денес, на својот веб-сајт соопшти дека има потреба за вработување на триесет лица на определено време до 31.12.2020 година. Најмногу се бараат советници за земјоделство и рурален развој, што значи лица со завршен земјоделски факултет од речиси сите насоки, раководители на сектори, како и економисти и информатичари. Најголемиот дел од кадрите се потребни за слободните работни места во Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Струмица, Кратово, Прилеп, Македонски Брод, Струга, Штип и Велес.

Кандидатите за сите работни позиции, потребно е да ги достават следните документи:
Уредно пополнета пријава, доказ за државјанство, доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност,доказ за општа здраствена состојба за работното место, уверение или диплома за завршен степен на образование, доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски јазик),доказ за работно искуство, кратка биографија (со задолжителен контакт телефон и адреса), како и писмо за мотивација.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 работни денови сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството или по пошта на следнава адреса:
Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството
Ул. Климент Охридски бб, Пелагонка II 5/3, 7000 Битола
(со назнака ,,оглас за вработување’’)
Подетални информации заинтересираните може да побараат на телефонскиот број - 072 252 433

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen