VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

АХВ со мерки против ширењето на вирусот на болеста Њукастел кај живината

Од АХВ истакнуваат дека болеста не е зооноза, односно не се пренесува и не е опасна за луѓето.

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за воведување на заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на ширење на вирусот на болеста Њукастел кај живината, која на осми овој месец, од страна на Факултетот за ветеринарна медицина е лабораториски потврдена во одгледувалиште на бројлери во општина Гази Баба.

Во одгледувалиштето наложено е убивање и нештетно уништување и на угинатата живина, како и повлекување и уништување на дистрибуираната количина месо од живина кое потекнува од ова одгледувалиште.

Од АХВ информираат дека е наложено и отстранување или спроведување на соодветен третман на секоја супстанција или отпад, храна за животни, шталско ѓубре на фармата, кои може да бидат контаминирани.

– Во одгледувалиштето ќе се спроведе епизотиолошко испитување и утврдување на евентуалната контаминација со овој вирус и на соседните одгледувалишта. Одгледувалиштето, возилата за превоз и опремата, наложено е темелно да се исчистат и дезинфицираат. Нова живина нема да смее да се внесува пред истекот на 21 ден од спроведувањето на мерките за дезинфекција, односно се додека официјален ветеринар не го прогласи одгледувалиштето за слободно од болеста – соопштија од АХВ.

Од таму најавија дека контрола и мониторирање од страна на официјалните ветеринари ќе се спроведе и во зоната под надзор која ги опфаќа населените места Петровец, Илинден и Кисела Вода, како и во општините Зелениково и Студеничани, кои со ова решение се дефинирани како зона под ограничување.

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen