VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Свет

Ќе слета ли пегавата мува во Европа?

На Европа и се заканува нов опасен штетник од Кина , што ја напаѓа виновата лоза

Во последните 20 години Европа и Америка „се нападнати“ од инвазивни штетници кои потекнуваат од Азија. Во моментов како голема опасност е нов вид познат како пегава мува (Lycorma delicatula). Агро-стручњаците ја сметаат за многу опасен штетник затоа што ги уништува дрвенестите растенија, а особено е лакома по виновата лоза, кај која може да го намали родот и за 90 отсто.Овој вид инсект потекнува и живее во Кина, Тајван и Виетнам, а сосема случајно е донесена во Јужна Кореја и Јапонија, пред повеѓе од две децении. Во 2014-та година прв пат е забележана во Пенсилванија –САД, каде последниве неколку години предизвикува вистински пустош.

Покрај лозата, домаќини може да и бидат и многу други овошни дрвја, како јаболките, сливите и крушките, но и шумските украсни и овошни грмушки. Предните крилја на овој штетник се со сива боја и црни точки, а задниот дел е црвен со црни точки. Абдименот е со жолтеникава боја преку која поминуваат црни линии. Ова е најлесниот начин да се препознае во природата, бидејќи е инсект нетипичен за европскиот континент. Има една генерација годишно, а јајцата ги полага најчесто во стеблата. На поголемо растојание се пренесува преку заразените билки, а во времето кога личинките се хранат, доаѓа до пожолтување на листовите. Во текот на „нападот“, се излачува таканаречената медена роса на која подоцна се развиваат габички. Исто така знак за зараза може да биде и присуството на пчели, мравки, стршлени и оси, во големи роеви.

Патиштата на ширење на пегавата мува се расадите, а за детекција се поставуваат лепливи мамки во подножјето на стеблата. Со оглед на климатските промени кои и одат во прилог, се смета дека овој штетник веќе живее во лозарските региони во Европа, околу поголемите аеродроми, пристаништа и железнички станици, од каде што може да тргне инвазијата. Дополнителен фитосанитарен ризик е увозот на производи од Азија и САД.
За да се спречи проширувањето на овој штетник во Европа важна е активната биоконтрола, со природните непријатели. Тоа се паразитските оси кои како што објаснуваат стручњаците, успешно ја намалуваат густината на штетниците и го забавуваат ширењето на роевите. Со тоа се намалува и економската и еколошката штета.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen