Македонија

Ќе следува потопло време и врнежите од снег ќе преминат во дожд

Добра вест за овоштарите

На прашања на земјоделците на тема опасност од измрзнување кај овошките кои оваа пролет се засадени, за Агротим одговара Ангелко Ангелески, советник за агрометеорологија при УХМР:

Јаболчестите видови немаат проблем, затоа што тие сега како насадени овој период сеуште немаат отпочнато со вегетацијата, т.е. сеуште спијат така да нема да има никаков проблем, издржуваат во тие фази и -4, но црешата како ран вид и сорта, доколку пуштила ливчиња не е добро (таа прво цвета па листи) ако ги изгуби тие примарни ливчиња може да дојде до отежнато прифаќање, но не е исклучено и да се прифати, затоа што ове веќе од денес преминува во јужно струење, ќе имаме потопло време и врнежите од снег ќе преминат во дожд што е дoбра вест.

Кај останатите видови ќе има штети (стари овоштарници) ова многу денови се повторуваше со не многу ниски минимални температури, околу 0 или блиску до нејзе со минимален предзнак но врметраењетои повторувањето на состојбата е проблем.

Кајсијата е најзагрозена, но не значи дека нема да јадеме кајсии оваа години, нешто ќе остане, во Беровско имавме и пониски од -4 но таму сливата сеуште не е разбудена целосно и во такви фази издржуваа такви температури, нај загрижувачки за мене периодот кога еден ден ќе се разведри, а колку во тоа време ќе биде загреана атмосферата и кога ќе се случи, колку подолго и покасно тоа е подобро, засега немаме такви најави за оваа седмица.

А.Г.

© 2019 Cyber Green Market LLC