Македонија

Јавен повик „О2 Предизвик 2“ за справување со климатските промени е во тек

Отворениот повик за справување со климатските промени „02 Предизвик“ трае до 15 април

Справувањето со климатските промени е темата на вториот јавен повик „02 Предизвик 2“, кој го иницира Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Предизвикот има за цел да го подигне нивото на иновативност преку обезбедување на финансиска поддршка за активности кои придонесуваат за намалување на емисиите на стакленички гасови или придонесуваат кон подобрување на отпорноста кон климатските промени.

Со предизвикот се опфатени областите: енергетика, индустрија, транспорт, земјоделие, шумарство, здравство, водни ресурси, туризам, културно наследство, биолошка разновидност, намалување на ризици од природни и индустриски катастрофи.

Повикот е наменет за микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да развијат иновативен производи, услуга или процес, сами или преку конзорциум.

Отворениот повик за справување со климатските промени „02 Предизвик“, трае до 15 април и истиот може да се најде на следниот линк http://www.fitr.mk/predizvikklimatski/

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) како општествено одговорна институција грижејќи се за своите вработени, корисниците и граѓаните постапува по дадените препораки во согласност со мерките и активности за превенција од ширењето на корона вирусот од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Во услови на засилени мерки за превенција Ве известуваме дека Фондот воведува нов времен режим на работа со странки. Ве молиме сите што имаат потреба за контакт со Фондот или имаат барања/прашања да ги користат нашите електронски сервиси – веб страната www.fitr.mk, пишете ни Info@fitr.mk или контактирајте нѐ преку социјалните медиуми:

Фејсбук: https://www.facebook.com/fondzainovacii

Инстаграм: https://www.instagram.com/fondzainovacii

Твитер: https://twitter.com/InFondMK

Нашите вработени Ви стојат на располагање и може директно да не контактирате секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот на следните телефони:
Инфо број на ФИТР: 02 314 5258

А.Г.

© 2019 Cyber Green Market LLC