VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Јабучар – македонскиот автохтон домат со тежина поголема од 1 килограм

Македонска автохтона сорта на домат, кој се карактеризира со уникатен вкус и арома, кои се типични само за ова поднебје. Плодовите достигнуваат тежина и до 1,3 кг. што претставува своевиден рекорд за оваа сорта.

Јабучар е сорта која изобилува со неговата големина и специфичната розева или црвена боја. Тој се карактеризира со розова боја и вкус на вистински домат. Исто така, помал број производители почнале да го одгледуваат познатиот јабучар во пластеници, сами собирајќи семе, но и покрај тоа што е произведен во заштитени улови, неговата трајност е ограничена на само неколку дена.

Во 2013 година, во Охрид изниклал јабучар со големина од еден килограм. Доматот, воопшто не бил прскан со пестициди или други заштитни средства, единствено е прихранет и испрскан против штетници со чај од варени коприви, а наводнувањето е со системот капка по капка со изворска или остоена вода, која воопшто не соддржи хлор. Тајната за овој џиновски и вкусен домат се состои во навременето прскање со препаратот од коприва и навремено наводнување.

Јабучарот, кој е чист и еколошки здрав и мириса на вистински домат, се губи во последните години. Успева да опстои и во густо населени подрачја, но и во градски средини. Никнува од 7-15 дена од денот на сеењето. Потребна е голема влажност на земјата и топлина во првите 10 дена. Ако садниците се многу блиску една покрај друга, тогаш треба да се расадат на друго место на поглемо растојание. Кога билките се околу 5 санмтиметри големина, слободно можат да се наводнуваат преку листовите.

Доматот треба да се наводнува со млака вода од 18-28°C, бидејќи ако се заливаат со ладна вода, билките можат да добијат шок и да угинат или да имаат последици во понатамошната вегетација.

Доматот е зеленчук што во исхраната се употребува: свеж, конзервиран како на пример зелен поткиселен домат во туршија и зимница, како сок, прелив (кечап – доматен сос) или како зачин. Неговите плодови се богати со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е. Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества на манган, железо и бакар.

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!