
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
ЈП “Стрежево“-Битола ќе врши санација на пристапните патишта до Стрежевско езеро
Почнувајќи од денес, 11 јуни, четврток, ќе се врши санација на пристапните патишта до акумулацијата “Стрежево“.

Почнувајќи од денес, 11 јуни, четврток, ќе се врши санација на пристапните патишта до акумулацијата “Стрежево“, а во санацијата ќе учествуваат вработени во ЈП “Стрежево“ од Битола со сопствена механизација, локално население и риболовци.
-Ќе се санира главниот пристапен пат (од информативната табла на спојот со локалниот пат Лера – Доленци до почетокот на рекреативната зона Акумулација “Стрежево“) и помошниот пристапен пат (од вливот на река Шемница во акумулацијата “Стрежево“, патот пред мостот во селото Лера кој продолжува низводно од мостот кон акумулациониот простор во насока на внатрешната линија на крајбрежниот појас).

Санацијата ќе се врши со сопствена механизација, а во соработка со локалното население и рекреативните риболовци (членови на ЗРСРК РИБАР 2011 од Битола и членови на ЗРРЕСК Црна Река – 1929 од Битола), стои во соопштението на ЈП “Стрежево“ – Битола.
ЈП “Стрежево“ – Битола, кои апелираат на трпеливост и внимателно возење од страна на граѓаните.
А. Г.
